Taken from https://nomads.mk/2017/12/13/nomads-intervju-vedis-ambientalen-izveduvac/

Interviewer: Ivana Dukoska

Vedis – holy spirit of the forest, е синематичниот амбиент проект на Klara, мултимедијален артист од Скопје, која на електронската музичка сцена работи како продуцент, DJ, вокалист и изведувач во живо. Vedis како проект егзистира од март 2017 година, и цели кон трансмисија на разни искуства и приказни инспирирани од природата, космичките сили и ведските списи преку звук, вибрација и фреквенција. Нејзиниот звук може да се опише како длабок, сензационален, меланхоличен и спиритуален, звук искажан преку долги drone сесии, класични и атмосферски вокали, теренски снимки, долги филмски атмосфери и пејсажи. Таа во својата креација користи различни акустични, аналогни и дигитални инструменти.

Денес ја интервјуираме Vedis со цел поблиску до вас да ја донесеме амбиенталната музика, за многумина сосема непознат и неоткриен терен, кој може да ви понуди неверојатно и неповторливо искуство.

Интервјуира: Ивана Дукоска

Која е Vedis? Зашто е избрано тоа име за твојот проект? Како започна истиот и што те поттикна да го започнеш?

В.: Настанувањето на Vedis е исто толку магично колку и самиот проект. Креирам и експериментирам со амбиентална музика од самите почетоци на мојата продуцентска кариера, која започна во јули 2016 година, а веќе во зимскиот период, околу новогодишните празници, почнав да чувствувам како таа е многу поразлична од она што е Klara, и во наредните три месеци, размислував и трагав по нов најсоодветен концепт (морам да признаам тоа за мене беше прилично долг и стресен период), се додека еден ден не се разбудив од сон изговорајќи го на глас името Vedis – никогаш во животот не сум се чувствувала толку ЈАС, своја и целосна како тогаш. Јас сум човек кој низ сиот свој живот не си го сака сопственото име (не сметајќи го за свое), и во тој момент, на моето повторно раѓање, Vedis ја потполни таа дупка… Во буквален превод, Vedis е светиот дух на шумата; во малку подлабока смисла, тoa доаѓа и од Ведите, што во целост значи – склоп на спиритуалноста, шумата/природата, вселената и човечката перцепција, емоција и доживување на сегашноста, а има една силна цел – да ги пренесе сите овие сили преку звук, вибрација, фреквенција и светлина.

Амбиенталната музика според мене е заснована на апстрактниот експресионизам; наместо сликата да биде структурирана перспектива, каде што твоето око се очекува да оди во одредени насоки, тоа е поле, и ти талкаш звучно над полето. Кажи ми како ќе ја дефинираш ти амбиенталната муизка?

В.: Како речиси дипломиран психолог, често се наоѓам во ситуации каде презентирам своја или одбрана селекција на омилена амбиентална музика пред сосема нови или блиски личности, потоа прашувајки ги на директен или индиректен начин како ја почувствувале или доживеале истата. Од досегашната анализа, можам да заклучам дека твоето гледиште е поопфатно и застапено, но, лично јас сметам дека амбиенталната музика може да те одведе на точно определно место или да ти пренесе точно дефинирана емоција. Сепак не сите ја доживуваат исто музиката, тоа многу зависи од индивидуалниот склоп, познавање и интелигенција (однесувајки се повеќе на емоционалната). Мнозинството ја прифаќа како позадинска, додека за мене таа е екстремно сензитивна, интуитивна и емпатична, таа е една цела филозофија, и истата може да се спореди со добра книга или уметничка слика која може целосно да ти го одвлече вниманието и да ти ја украде свеста. Отсекогаш сум ја доживувала длабоко емотивно и визуелно живо и доколку го нема тој ефект, тогаш идејата не е успешна.

READ THE REST AT https://nomads.mk/2017/12/13/nomads-intervju-vedis-ambientalen-izveduvac/