Nomads.mk wrote a review about the AMPEFF event “Waves of Ambience”…
You can read it here or on their website LINK (MACEDONIAN)

Може да изгледа како ова да е чудно време за нежна, контемплативна музика покрај сите светилки и музиката на која луѓето во пресрет на годината која следи се забавуваат. Но, амбиенталната музика претставува само еден аспект на бескрајната љубов, спонтаност и длабокото размислување. На мултимедијалниот амбиентален проект кој се случи синоќа во Социјалниот Центар Дуња учествуваа четири артисти во вечер исполнета со амибентална/дроун/експериментална-џез музика и визуелна медитација.

Светлост настапија први и звучеа како да сакаат да кажат: „Да, јас сакам да пробам нешто ново, од сите тие бесконечно многу идеи.“ И со секоја нота и движење, тоа звучеше како нешто навистина ново. Но, всушност и не е. Тоа е истата идеја од поинаков агол. А, тоа е веројатно и идејата за амбиенталната музика – бескрајно многуте агли и бескрајно многуте слоеви кои може да бидат креирани и откриени.

Втора настапи Ведис како екстремно сензитивна, интуитивна и емпатична… Тоа беше длабок сензационален звук, но во исто време и меланхоличен, спиритуален, со своите длабоки атмосферични вокали. Би рекла, неповторливо душевно патување.

© Тони Димитров

И, ако е точно дека целото наше музичко искуство се заснова на можноста за повторување и преносливост, тогаш музиката е таа што ќе го однесе човека да биде каде сака, во моментот во кој тој сака, со оној што сака. И, бидејќи амбиенталмата музика овозможува контемплација во вистинска смисла на зборот, тогаш синоќа доживеавме патување со целата своја душа. Така, ритмичноста на Димитар Додовски не однесе во некои нови патувања. Веројатно беше тоа пат по кој сакаш да се движиш кон нештото и да го слушаш одново и одново. И, за момент ме натера да помислам дали тоа беше навистина амбиент или нешто многу повеќе од тоа. Дали тоа беше само ритмичност или душевно патување? Па, ќе се запраша човек дали навистина амбиенталната музика ве тера да заземете еден сосема поинаков став кон она што е дозволено во музиката… Тој сношти не беше личност во драмата, тој измисли личности и гледаше како тие комуницираат. Верувам велејќи: „Кој сакам овој лик да биде? Кој е светот во кој овие личности се наоѓаат, и како ќе се однесуваат во тој свет? Дали е тоа светот во кој тие личности сакаат да бидат?“ Апстрахирјќи го својот глас возбудливо, а сепак толку многу суптилно…

© Ивана Дукоска

 

Од друга страна пак, импровизациите на Amplidyne Effect, кои ве тераат да посакате да откриете што има таму подлабоко, така што сите оние мали детали што звучат помалку случајни на почетокот, почнуваат да се вклопуваат и ве носат на едно сосема нова и непозната патека, која делува неверојатно пријатно и смирувачки. Звуците ги очекувате, звуците се појавуваат и тие изгледаат безвременски! Како од некои други светови, во некое друго време. Така, на некој начин спонтано генерираната музика е како впрочем целата технологија да еволуирала и да создава нов вид на жива, ефемерна, непобитна креација. Тоа е неверојатен момент кој ве понесува и ве тера да размислувате за себеси, за тоа каде се движите и дали е тоа вистинскиот пат. Тоа е размислување кое смирува и ве исполнува со надеж.

© Тони Димитров

Во очекување на следниот ваков проект кој ќе ги собере сите креатори на амбиентална музика кај нас, само ќе додадам: да се направи нешто неверојатно секогаш е потребно да се изрази верувањето во тоа дека има нешта кои си припаѓаат едни на други.

Пишува: Ивана Дукоска