Read the latest review on “Gloria on Canvas” written on nomads.mk

Macedonian:
Албумот Gloria On Canvas преку замислено насликаните предели на платното што се јавуваат пред вашите очи ќе ве натера целосно да се опуштите и да отпатувате со своите мисли. Тоа е патување низ времето, испреплетено со неокласицизам – ред, рамнотежа, јасност и емоционална воздржаност (дизајн со рефлексија од 20-тиот век). Додека пак експерменталните текстури на движењето на природата кои вешто се вметнати во овој албум го прават оригинален и единствен.

Она што ќе ви остави најголем впечаток е веројатно траката насловена како Xylem. Исто како и повеќеслојноста на ксилемот со призвукот на гитара и многуте класични амбиент елементи ова е траката која дефинитивно го прави овој албум неверојатно впечатлив. Целиот албум е една јасна целина со мисла која непрекинато тече. Ова е еден одлично обработен проект или амбиентален обид да се врати естетиката на широкиот концепт на класицизмот. Накратко – создаден по спецификации за претставување во светот.

Синергично и постојано. Веројатно едно од најдобрите остварувања на младиот амбиентален автор Amplidyne Effect.

Пишува: Ивана Дукоска

English:
The album titled Gloria On Canvas through imaginative painted scenery that appears in front of your eyes will make you feel completely relaxed while you are traveling through your thoughts. It’s a somehow time travel, intertwined with neoclassicism – order, balance, clarity, and emotional restraint (20th century reflection sound design). While the experimental textures of the movement of nature that are skillfully inserted in this album make it original and unique.

What will leave you with the biggest impressions after listening the whole album is probably the track titled Xylem. Just like the multi-layer of xylem – with the guitar sound accent and many classic ambient elements, this is the track that definitely makes this album incredibly impressive. The whole album is a clear whole with a thought that constantly flowing. This is a greatly elaborated project or an ambient attempt to restore the aesthetics of the broad concept of classicism. In short – created by the specifications for representation in the world.

Synergistic and constant. Probably one of the best performances of the young ambient author Amplidyne Effect.

Written by: Ivana Dukovska