post global music festival е мини фестивал на издавачката етикета post global recordings кој има за цел претставување на дел од локалните артисти кои ги издава. За првото издание ќе имаме прилика да го чуеме носечкиот проект post global trio, потоа Mnemonic45 и кураторот на етикетата Тони Димитров. Во понатамошните изданија ќе претставиме и други артисти кои со својот концепт на работа (или изданија) гравитираат околу post global recordings. Лејблот третира амбиентален звук преку дигитални изданија од 2012 година, со досега 23 изданија зад себе. Се работи за потпроект и продолжение на истоимената емисија post global /conceptual program for new music/ која се емитува секоја среда на музичкото радио Канал 103, и презентира современ амбиентален/електронски/експериментален звук. Како нужна потреба од издаваштво во овој домен на локалната сцена и како соодветен издавачки oдговор на оваа емисија се конципира post global recordings, третирајќи артисти дефинирани под терминот „нова музика“. Овој настан се организира по повод 18 години од започнувањето на оваа емисија и 5 години од основањето на етикетата. www.post-global.com